Инстаграм корисниците „полудеа“ поради наглото паѓање на следбениците: Сè се случило преку ноќ, а еве која е причината

119

Не сте единствени доколку сте забележале нагло паѓање на „followers“ на социјалната мрежа Инстаграм.

Целиот свет денеска е во неверување токму поради оваа причина. Како што велат поединци – „преку ноќ“ останале без 500, па дури и 1000 следбеници и никако не можат да ја утврдат причината.

Од друга страна, славните личности се во многу полоша ситуација, бидејќи од нивните профили „побегнале“ милиони. Исто така, официјалниот профил на Инстаграм загубил неколку милиони следачи.

Компанијата која е во сопственост на Фејсбук, сè уште не издала официјално соопштение по повод овој случај, но повеќето претпоставуваат дека станува збор за бришење на спам, бот или неактивни профили.

Ова не е првпат Инстаграм да прави нешто слично.

Всушност, можно е бришењето да се случува веќе некое време, со тоа што вчеравечер било најмасовно досега, па поради тоа повеќето и забележале промена.

loading...