Како што досега знаеше пошироката јавност, Иванна Хаџиевска Кошевалиски беше во протоколот на премиерот Зоран Заев, но од владата денес известија дека таа повеќе нема да ја извршува таа функција.
На Иванна сега ѝ е доделена функција на советник за меѓународна политика. По одекнувањето на оваа вест јавноста и социјалните мрежи не ги штедеа коментарите упатени кон младата Иванна.
Нивното мислење е поделено и некои сметаат дека тоа таа не го заслужува и дека е само награда од нашиот премиер, други исто сметаат дека Иванна нема доволно искуство во тоа поле, со оглед на тоа што во нејзината кариера веќе има еден пех кога “заборави“ кое е знамето на Австрија и при посетата на канцеларот Себастијан Курц таа го пречека со литванско знаме.

Останува да видиме како младата Иванна ќе се снајде во нејзината функција.
Во продолжение прочитајте го известувањето од Владата:
„Советничката Иванна Хаџиевска Кошевалиски не е разрешена туку има промена во делокругот на нејзиниот ангажман. Таа е ангажирана како советник за меѓународни односи и соработка со меѓународни и домашни организации. Лице задолжено за протокол во кабинетот на премиерот е Елена Ласло“, изјавија од Владата за Прессинг ТВ.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

