По повод Светскиот ден на првата помош, 14 септември, Црвен крст на Град Скопје во соработка со МВР – СВР Скопје денеска ќе прави проверка на знаењето за прва помош на возачите при итни ситуации во случај на сообраќајни несреќи.
Екипите на Црвен крст на Град Скопје и општинските организации на територија на градот Скопје, Карпош, Чаир, Гази Баба, Центар и Кисела Вода на четири локации ќе ги сопираат возачите и ќе бараат од нив да демонстрираат прва помош. Доколку знаат, следува награда, а доколку не, ќе добијат информација за бесплатни курсеви преку кои можат да ги освежат своите знаеања.
Централниот настан ќе биде организиран пред Порта „Македонија“, на кој ќе се обрати и министерот за здравство Венко Филипче. На настанот ќе бидат соопштени и резултатите од кампањата што Црвениот крст ја реализира во изминатите два месеци „Твоето незнаење чини живот“.
Во истовреме на оваа локација пред Порта „Македонија“, како и пред Трговскиот центар „Бисер“, „Сити мол“, како и на раскрсницата пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, ќе се вршат проверките на знаењето на возачите за прва помош при итни ситуации во случај на сообраќајна несреќа.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












