Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.
Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер.Температурите меѓу 18 / 28 степени.