Скандал на Ибица! Излезе снимка од нападот на Лионел Меси: Непознат маж физички ја нападна ѕвездата на светскиот фудбал

852

Еден од најдобрите фудбалери на денешницава, Лионел Меси, бил нападнат во некој ноќен клуб на Ибица.

На Аргентинецот го нападнал непознат маж, прво вербално, а набрзо потоа и физички. Обезбедувањето реагирало брзо и спречило да се случат поголеми проблеми.

Набрзо по инцидентот Меси го напуштил ноќниот клуб.

Меси веќе неколку денови се наоѓа на одмор на Ибица со својата сопруга, а малку подолг одмор заслужи по завршувањето на Копа Америка каде што во полуфиналето беше поразен од селекцијата на Бразил.