Актерот Силвестер Сталоне (72) пристигна во Сплит со сопругата Џенифер Флавин (50) и ќерките Систин Роуз (21), Софија Роуз (22) и Скарлет Роуз (17).
Тие од Венеција слетаа на аеродромот во Сплит, а потоа со луксузни автомобили семејството се префрли на западниот брег од каде што со јахтата „Меира” заминаа во обиколка на островите.

„Меира” е една од најлуксузните јахти во Хрватска, направена е во 2018 година и е долга 55 метри и широка 10 метри.
Покрај тоа што има шест кабини опремени со бања, ЛЕД-телевизор, систем за домашно кино и големи гардеробери, јахтата располага со сауна и соби за масажа.
Надвор од сезоната, цената на изнајмувањето на јахтата е 105.000 евра за една недела, а во сезоната – 133.000 евра.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















