Фудбалерите на Мајорка се последниот патник во Примера во сезоната 2019/20, откако вечерва приредија големо изненадување и надополнија 2-0 од „Риазор“ против Депортиво. Така, клубот од Балеарските острови вечерва славеше пред своите гледачи со 3-0 и во две сезони од Сегунда Б стигна до Примера.
Будимир во првото, Салва Севиља и Абдон ги постигнаа головите за „црвените“, каде еден од сопствениците е поранешната НБА-ѕвезда Стив Неш.
Настана големо славје, на трибините се радуваше и најпознатиот спортист од Мајорка, тенискиот ас Рафаел Надал. Депортиво пак ќе се обиде следната година, а Мајорка ќе им се приклучи на Осасуна и Гранада во најсилната категорија во следниот шампион кој почнува во август годинава.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















