Пандев изгледа заврши работа: Турски медиум објави трансфер вест за Елмас

965

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на добар пат ова лето да направи добар трансфер каде ќе може да ја развива својата кариера.

Доколку им веруваме на турските медиуми, односно на порталот боксер, таму пишува дека Интер ќе го исплати Фенербахче за услугите на талентираниот Елмас.

Иако се предвидуваше дека ќе се најде екипа која ќе плати и до 20 милиони евра, сепак постои можност Интер неговиот договор деновиве да го прецизира на 11 милиони евра.

Интересно е и тоа што капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, имаше изјава поврзана со Елмас и Интер, која оди во прилог на ова што го тврди споменатиот турски портал, дека ги поврзал Интер и Елмас за преговори.

Интер идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а доколку Елмас навистина направи трансфер во Италија, тоа ќе биде голем чекор за неговиот развој во иднина.