Во вчерашната сообраќајна незгода кај Градската болница учествувал заменик-министерот за култура Владимир Лазовски. Тој на својот Фејбук профил напиша дека ќе сноси одговорност, доколку се утврди негова вина.
– Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност, напиша Лазовски на Фејбук.
Сообраќајната незгода се случи вчера меѓу патничко возило и моторциклист. Повредениот моторциклист беше пренесен во Градската болница, а на местото на незгодата увид изврши полицијата.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















