Жичарницата на Водно утре нема да работи до 12 часот поради одржување на „Алпинистичката вежба – Водно 2019“.
– Времениот прекин на работата на Жичарницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата што ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП „Скопје“ како субјект кој стопанисува со Жичарницата, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.
Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















