Вардар одбројува уште 4 дена до големото финале пред финалето.
Во Келн во полуфиналето ќе играме против силната Барселона, која во текот на сезоната, уште во групната фаза, два пати не победи, во Скопје и во Барселона, па од таму доаѓа коефициентот кој Барселона ја прави фаворит во овој дуел во полуфиналето.
Но пред две години Вардар покажа дека знае да се носи со големите екипи, каде во полуфиналето прво ја доби Барселона, а за титула го заледивме и ПСЖ во последната секунда.
СЕХА лигата каде Вардар е доминантен освојувач редовно на трофеите, денеска напиша јасен статус, кој влева надеж кај „црвено-црните“.
„Оваа фотографија е можеби матна, но шансите на РК Вардар за освојување на ЛШ се јасни. Ќе направи ли македонскиот шампион историја?!“, се прашуваат од СЕХА.