Марадона е уапсен во Аргентина, по пријава од поранешната девојка

708

Eден од најлегендарните фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона вчера беше уапсен на аеродромот во Буенос Аирес.

Тој имаше проблеми со полициските служби и во минатото, но сега причината поради која е уапсен е навистина бизарна.

Имено, неговата поранешна девојка пријавила дека Марадона и должи сума од 5.7 милиони евра.

Како што пишуваат аргентинските медиуми, Марадона бил уапсен веднаш по пристигнувањето од Мексико во Аргентина.

За овој случај Марадона ќе има судење на 13-ти јуни, а според најавите таму Аргентинецот нема потреба лично да присуствува и ќе се појави неговиот адвокат, Матијас Морла.