Верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на Твитер, по состанокот на Европската социјалистичка партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на вчерашниот состанок во Брисел, една од темите на европските социјалисти, бил и Договорот од Преспа.
– Европските социјалисти со ентузијазам го поздравија Договорот со нашите северни соседи. Длабоко верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша грчкиот премиер на неговиот официјален Твитер профил.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои информации објави дека на состанокот на Европската социјалистичка партија (ПЕС), Ципрас рекол дека минатата седмица била историска за Грција поради Договорот од Преспа и одлуката на еврогрупата за грчкиот долг.
– Ги затворивме сметките од минатото, рече Ципрас, според информациите, во обраќањето на подготвителниот состанок на ПЕС.
Тој ги обвини претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и лидерката на Движење за промена, дека имаат формирано „заеднички фронт на политичка хипокризија и националистички популизам“, објави АНА-МПА и пишува дека учесниците на состанокот ѝ честитале на грчката влада и рекле дека Договорот е „историско достигнување со кое се гордеат сите прогресивни сили во Европа“









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











