Камерите на еден аеродром снимиле урнебесна сцена: “Овој човек никогаш не патувал”

2078

Снимка од надзорни камери на еден аеродром во Русија стана вистински хит на интернет.

Видеото прикажува маж, наводно на аеродром во Дагестан, како носи торба, а кога сфатил дека торбата мора да ја стави на лентата за скенирање, тој одлучил да влезе заедно со својот багаж.

Видео снимката е објавена од страна на порталот “Russia Today”, а ја споделиле многу корисници на социјалните мрежи.

Објаснувањето е дека мажот “никогаш претходно не патувал”, но никој не е 100% сигурен за што станува збор. Можеби содржината на торбата била премногу вредна за тој да ја напушти?

Погледнете како изгледала урнебесната сцена: