Веќе почнаа подготовките за претстојниот Велигден. Некој со богата, некој со поскромна трпеза ќе го пречека овој најголем христијански празни. Едно е сигурно, сигурно ќе има бојадисани јајца и месо.
Дали и оваа година пред Велигден цените ќе се зголемат, прашуваат граѓаните. Исплашени од претходните години, очекуваат иста приказна и за овој Велигден.
Велат се уште е рано да се зборува , но досегашната пракса покажала дека секоја година пред најголемиот христијански празник производите наместо да бидат поветини, поскапуваат.
-Секоја година е така. И јајцата и месото, и зеленчукот на пазарите. Се е поскапо. Таков е нашиот менталитет. Трговците знаат дека секое домаќинство тогаш купува по нешто за дома, и тоа го искористуваат за да ја качат цената. Цената на зеленчукот знае некогаш да биде и дупло поголема, вели скопјанка.
Во месарнциите во моментов кило јагнешко се продава по цена од 300 денари, свинското од 240 до 290 . Еден килограм јунешко 370 денари. Табла јајца се продава по цена од 160 до 220 денари.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















