Ситуацијата е на работ на војна, а цената на нафтата веќе скокна: Танкери торпедирани во Оманскиот залив?

18

Норвешката компанија „Фронтлајн“ потврди дека нивниот нафтен танкер „Фронт Алтер“ се запалил после инцидент во Оманскиот залив, а сите 23 членови на екипажот итно биле пренесени на друг брод.

Исто така, портпаролот на „БСМ“ компанијата исто така откри дека танкерот „Кокука Курејџес“ бил оштетен денес во инцидентот во Оманскиот залив – како што пренесува „Скај“, овој брод бил погоден со торпедо.

Портпаролот на компанијата откри дека 21 член на екипажот го напуштиле бродот откако дошло до оштетување на десниот дел од трупот на бродот. Еден член на екипажот заработил и полесни повреди, а портпаролот исто така нагласи дека нема опасност бродот „Кокука Курејџес“ да потоне и во морето да го испушти својот товар – метанол.

Иако се уште нема конкретни информации за тоа како дошло до овој сериозен инцидент, во западните медиуми практично прстите веќе се вперени во Иран, откако Техеран беше обвинет за саботажа и на четири други танкери пред околу еден месец.

Поради реакцијата на пазарот, цената на сировата нафта веќе скокна за повеќе од 4%, односно на повеќе од 62 американски долари за барел.

Петтата американска флота денес наутро примила повик за помош на танкерите во Оманскиот залив кои биле мета на напад. Во соопштението, од петтата флота откриле дека добиле два одвоени повици за помош во истиот регион недалеку од брегот на Обединетите Арапски Емирати.

loading...