Реномираниот специјализиран сајт за фудбал „Гоал.ком“ го одбра најдобриот тим на Интер на сите времиња кога во предвид доаѓаат фудбалери кои потекнуваат од школата на клбот.
Место помеѓу идеалните 11 имаше и за нашиот репрезентативец, Горан Пандев кој во врвот на нападот се најде со Балотели и Делвечио.
Пандев во Италија, поточно во тимот на Интер се пресели уште далечната 2001 година заедно со Ацо Стојков откако преминаа од Беласица. Горан ја имаше таа среќа да успее и да се задржи долги години на „чизмата“, а како младинец беше позајмуван во Анкона и Специа, по што направи трансфер во Лацио во 2004 година каде што блесна.

По пет години Пандев се врати во Интер каде што под водство на Жозе Мурињо освои се што можеше, Сериј А, Купот на Италија, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Инаку друштво во идеалната постава на „нераѕурите“ на сите времиња на Пандев му прават: Џузепе Бергоми, Валтер Ѕенга, Џакинто Факети, Сандро Мацола, Габриеле Ориали, Марио Балотели…









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











