Њоки во бел сос – божествен рецепт кој се приготвува за 30 минути

172

Денеска ви претставуваме рецепт за вкусно јадење кое ќе ве засити, а истото брзо се припрема.

Потребни состојки:

– 1 лажичка путер

– 3 чешниња лук

– 120 милилитри бујон од зеленчук или суво бело вино

– ½ лажичка сенф

– 500 грама њоки

– 250 милилитри павлака за готвење

– 100 грама изрендан пармезан

– сол, бибер

– 1 лажичка свеж магдонос

– 1 лажичка микс од италијански зачини по желба

Начин на припрема:

1. Ставете го путерот во тава и стопете го на среден оган.

2. Откако ќе се истопи, додадете ги сомелените чешниња лук и динстајте половина минута.

3. Додадете го бујонот, сенфот и италијанските зачини и добро промешајте.

4. Во тавата додадете ги њоките и павлаката за готвење.

5. Намалете го огнот, поклопете ја тавата и гответе околу 5 минути.

6. Потоа додадете го пармезанот и промешајте.

7. Оставете сè заедно да се готви уште неколку минути без капак, додека сосот не се згусне и њоките не бидат готови.

8. Посолете, додадете бибер и украсете со магдонос.