Многу веројатно, се очекува Реал по крајот на оваа сезона, поточно во летниот преоден рок да претрпе големи промени во поглед на играчкиот ростер.
„Кралевите“ не успеаа да се опорават од заминувањата на Роналдо и Зидан, а од новите играчи ако може така да се каже, единствено се истакна Бразилецот Винициус Јуниор.
Иако навивачите на Реал барат оставка од претседателот Флорентино Перез, тоа нема да се случи. Мног по веројатно е дека Перез ќе го растури тимот кој во последните пет години освои четири титули во Лигата на шампионите.
Како сигурни кои заминуваат се Герет Бејл и Марсело. Бејл и Асенсио требаше да го надополнат заминувањето на Роналдо, но пола година подоцна Велшанецот е на клупата и е во конфликт со навивачите.
Марсело е во лоша форма и го загуби местото во почетните 11 од Регуилон и не планира повеќе да остане во Реал, особено бидејќи во Јувентус го кани пријателот Роналдо.
Но тоа нема да биде крај на распродажбата. Карим Бензема е во лоша форма, а Реал бара врвен голгетер, притоа Французинот не планира да биде резерва.
Тони Крос игра во најлоша форма откако пристигна во 2014 година и се погласно се зборува дека ова му е последна сезона во Мадрид како и на Иско кој е во повеќемесечн конфликт со тренеро Солари.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












