Двајца скијачи од Тетово вчера се изгубиле на Попова Шапка, а потрагата по нив траела седум часа. За среќа, мисијата завршила успешно и двајцата скијачи бие пронајдени и пренесени во нивните домови.
Според информациите на МВР, Љ.С. вчера околу 19 и 30 часот пријавил во полиција дека 29-годишниот М.Љ. и 45-годишниот Ш.Ф., и двајцата од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони.
Од МВР информираат дека веднаш била организирана потрага по исчезнатите скијачи, во која учествувале повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба. Заталканите скијачи биле пронајдени ноќеска околу 2 часот и 30 минути и биле пренесени до Долно Палчиште, од каде што со полициско возило биле пренесени до нивните домови.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












