Една револтирана скопјанка која е инаку продавачка во бутик за женска гардероба, напиша фејсбук статус, со кој им се обраќа на дамите кои секојдневно влегуваат во нејзиниот бутик.
„Знаете ли колку е лошо чувството кога ја затворам продавницата (работам во бутик) и едвај чекам да излезам, да ги спуштам ролетните, да се облечам, да ја затворам вратата, а влезете вие, препотентни господа, полни во себе, вообразени, без поздрав и извинување, барем?
Гледате дека затворам, а се однесувате како да штотуку започна работното време. Со оглед на тоа дека имам камери, понекогаш ќе почекам, ќе услужам, но кога ќе ве видат вас во продавницата влегуваат и други и други и така секогаш морам да останам прекувремено, поради онаа, на сите добро познато „ само да видам“.
Епа, сега практикувам, штом ќе помине последната минута од работното време им кажувам дека затворам, да дојдат следниот пат. Не е тоа важно, можам да се оправдам кај сопственикот, а и да не можам, поентата е во вашиот став, гледате дека е затворена вратата, каде сте тргнале? И уште пак се наоѓате увредени кога ќе ви кажам да дојдете друг пат. Па и ние имаме живот, тој не ни се сведува само на работа. Можеби имам автобус, свои обврски, едноставно не сум должна и чао“.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












