Фолклорната група „Ѓердан“ од беровско Русиново е прогласена за најуспешна група која презентирала најуспешна традиционална музика и игра на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, што синоќа заврши во Битола.
Жири-комисијата во која членуваа Владимир Јаневски, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје и Тимко Чичаковски од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје, одлучи да ги награди и октетот „Прилеп“ од истоимениот град за најуспешна група која презентирала староградска музика. За најуспешна вокална изведба наградата е доделена на ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје, додека за најуспешен изворен оркестар прогласен е оркестарот на КУД „Русалии“ од Секирник.
На петте фестивалскии вечери во Битола настапија 34 културно- уметнички друштва и фолклорни групи од Македонија и гости од Јапонија, САД, Полска, Хрватска, Шпанија, Србија, Северен Кипар и од Грција.
Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ секоја година се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, а го организира Центарот за култура-Битола.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

