Затворот “Арктички” или “Поларен був” во местото Харп е еден од најсуровите руски затвори во кои лежат злосторници осудена на доживотен затвор и од него не може да се побегне.
Затворот се наоѓа во местото Харп, зад Северниот поларен круг, на брегот на реката Соб, во близина на планинскиот масив Рај-Из, а во него остатокот од животот ќе го мине најлошиот сериски убиец во историјата, Михаил Попков, осуден за силување и убиство на 56 жени.
Судот во сибирскиот град Иркутск го прогласил поранешниот полицаец Попков за виновен за убиства извршени меѓу 1992-ра и 2007-ма година. Тој, меѓутоа, побеснaл кога слушнал дека судот одлучил да му ја укине пензијата од 300 евра месечно, и најавил жалба на оваа пресуда.
Попков е осуден додека служел доживотна казна за 22 убиства. Тој уште во 2015-та година бил осуден за силување и убиство на 22 жени, со што вкупниот број на неговите жртви се искачува на 78. Возраста на неговите жртви се движела меѓу 18 и 50 години.
Попков ќе се пресели во затворот “Поларен був”, каде остатокот од животот ќе го мине во самица. Местото со околу 6.500 жители е сместено некаде на северот на Сибир, речиси на поларното Карско море, кое е толку студено што е замрзнато девет месеци годишно.
Освен смртоносниот студ, Карското море е полно со нуклеарни реактори фрлени уште во времето на Советскиот сојуз. Според официјалните документи, таму се фрлени шест реактори од нуклеарни подморници и десет реактори од други извори.
Кога биле откриени злосторствата на поранешниот полицаец, јавноста му го дала прекарот врколак, бидејќи Попков со години работел во полицијата и паралелно силувал и убивал жени. За порталот Медуза , Попков изјавил дека цел му била да ги исчисти улиците од неморални жени и проститутки. Некои жени го убивал на должност, бидејќи така му било полесно да ја стекне нивната доверба.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



