Дали WiFi-то станува минато?

955

Без оглед на тоа колку ни ги промени животите, WiFi-то често знае да ни предизвика нервоза, бидејќи често е недостапно и поуздано, дури и кај корисниците со мали домови.

Може да им предизвика уште поголема главоболка на работниците во компаниите, на кои им е потребна сигурна мрежа за уреди. Затоа некои компании имплементираат нови методи за мрежно поврзување на уредите на вработените, како што во овој случај е 5G.

Мобилниот интернет е многу побрз од WiFi-то во многу земји, меѓу кои е и Македонија, а префрлувањето на 5G ќе овозможи побрза конекција. Ниската латентност, флексибилност, добра безбедност и функциите за одредување на приоритетни податоци исто така помогнале за 5G да стане активен предлог.

Според сторијата во магазинот „MIT Technology Review“, Audi е меѓу оние кои размислуваат за приватни мрежи, па така ова лето започнало тестирањето на 5G мрежа за своите роботи. Ако тоа им успее, Audi би можеле да користат 5G, за во целост да ја заменат својата WiFi мрежа.

BMW, Daimler и Volkswagen исто така се заинтересирани за 5G, како и комуналните и бродските пристаништа заедно со производните, нафтените, гасните и хемиските компании. Германските компании се посебно заинтересирани, според извештајот, бидејќи очекуваат оваа мрежа да им помогне да останат на чело на напредното производство, како дел од националната иницијатива под добро познатото име „Industrie 4.0“.

Приватните 5G мрежи, веројатно ќе покажат добробит за производителите на опрема и компаниите кои помагаат во управување на таквите мрежи. Една истражувачка компанија проценува дека пазарот ќе генерира 356 милијарди долари за десет години.

Особено во блиска иднина, трошоците може да бидат ограничувачки фактор за помалите компании кои се заинтересирани за 5G мрежа, а дури и поголемите компании може да се соочат со пречки во добивање на спектар со безжичен пристап, кој им е потребен за да управуваат со своите мрежи.

Меѓутоа, кога компаниите ќе добијат своја опрема и пристап до спектарот, ќе можат да изгарадат свои мрежи дури и ако мобилните оператори не дозволуваат 5G за нивните деловни сајтови.