По двегодишното “бркање”, сондата на НАСА дошла до астероидот Бену. Роботскиот истражувач Озирис-Рекс во понеделникот се оддалечил 19 километри од вселенското летало, а во орбитата на астероидот требало да влезе до крајот на годината. Ниедно вселенско летало никогаш до сега не пришло до едно такво тело.
Бену се смета за потенцијално опасен астероид, а според проценките на научниците, во непосредна близина на Земјата би можел да се најде за околу 150 години.
Доколку се судри со Земјата, Бену веројатно би направил голем кратер.
Озирис-Рекс треба да собере најмалку 60 грама прашина, што е прв таков обид на САД по една помала мисија на друг астероид, спроведена од Јапонија. Вселенскиот брод нема да слета, туку во 2020-та година со помош на механичка рака од три метри ќе се обиде да собере честички од астероидот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















