Холивудската актерка, Блејк Лајвли, го привлекла целото внимание на ревијата која ја организирала модната куќа Версаче.
Вчеравечер во Менхетен била одржана луксузна ревија на славниот бренд Версаче, а меѓу бројните познати личности се појавила и актерката од серијата „Озборувачки“.

Блејк Лајвли, сопругата на актерот Рајан Ренолдс, со кој има две ќерки, во предизвикувачка тоалета и уште поатрактивни салонки ги привлекла сите погледи.

Сребрена тоалета без грб и со специфичен крој од модната куќа Версаче, ја направила актерката привлечна повеќе од било кога, а златните салонки од „Louboutin“ го заокружиле ова совршено издание.
Дополнителна доза гламур ѝ дала и нејзината кадрава коса, која за оваа прилика ја ставила само на едната страна.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)























