Поради сообраќајна несреќа, веќе два часа сообраќајот кај Автокоманда е заглавен. Колона возила, кои се приклучуваат од Ченто и од автопатот, се заглавени и речиси и да не се движат, пишува Фокус.
Според информации од терен сообраќајката се случила уште пред 7 часот утринава, но и по два часа сликата е иста.
Граѓаните нервозно коментираат дека е невозможно навреме да стигнат на работа, но и да ги однесат своите деца во училиште или градинка.
Според првичните информации при сообраќајката е причинета само материјална штета.

(Фотографии се превземени од фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам)













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















