Петмина другари од Гостивар – Давор Ѓуровски, Александар Јаневски, Дарко Дамјановски, Дејан Дамјановски и Марио Тримчевски освоиле една од поголемите добивки во македонските обложувалници. Тие на два тикети добиле речиси 9.000.000 денари.
На едно ливче освоиле 5.000.000 денари, а на второто 3.663.350 денари.
Добитната комбинација била дело на Давор, а неговите другари решиле да учествуваат во уплатата, која сите ги направи милионери.
– Јас лично го составив тикетот на кој имаше 16 играчи од НБА лигата од кои на 12 типував дека ќе постигнат повеќе поени од маргината, а на 4 дека ќе постигнат помалку. Како поранешен кошаркар кошарката ми е омилен спорт, ги следам тие натпреварите и тоа најчесто играм.
Пред да го уплатам тикетот седнав со Александар, Дарко и Дејан на кафе и се договоривме тие да додадат уште некоја сума за да ја засилиме вкупната добивка. Пред да влеземе во обложувалницата, ме сретна и Марио кој одлучи нашето ливчето да го одигра сам. Па така сите погодивме, раскажува Давор.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)

























