Најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди нема да го напушти клубот и покрај многубројните шпекулации за негово заминување од Милано.
– Икарди е среќен во Интер. Постојано за него се пишува дека ќе си оди. Сакам да потсетаљм дека тој има договор уште три години и дезинформации се гласините дека е во преговори за неговата фудбалска иднина на „Џузепе Меаца“. Не можам да сфатам од каде толку желба постојано да се пишуваат глупости, истакна Ванда Нара, сопруга и менаџер на голгетерот на „неро-азурите“.
Откупната клаузула што ја има одредено Интер за предвремен раскин на договорот на Икарди изнесува 110 милиони евра.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































