Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

25

Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ја обвинуваат тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска дека непосредно пред затворањето на банката ги повлекла сопствените средства, додека штедачите ги изгубиле своите заштеди. Во соопштението се наведува дека станува збор за 250.000 евра, како и дека банката одобрувала ризични кредити без соодветно покритие.

„Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси. Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари. Така, располагајќи со информации кои и го дозволуваше позицијата министер за финансии, Ангеловска неколку дена пред да пропадне Еуростандард банка во 2020 година, си ги повлече своите 250 илјади евра, додека заштедите на граѓаните пропаднаа заедно со банката. И да не заборавиме како банката дојде до неликвидна ситуација. Долго време на компании одобрувала ризични кредити без соодветно покритие, меѓу кои и 29 струмички меѓу кои имало и фирми блиски до Заеви. Дел од нив освен што зеле кредити без соодветно покритие, истите и не ни ги враќале на банката“, велат од таму.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тогашните институции не реагирале навреме за да ги заштитат средствата на граѓаните, а како главни корисници од работењето на банката ги посочуваат фирми поврзани со семејството Заеви и лица блиски до нив.

Сето ова се случувало додека СДС беше на власт и нормално не реагираа навреме и не ги заштитија парите на граѓаните, затоа најголем интерес од тоа имаа фирмите на Заеви и на лица блиски до нив. Но затоа пак, Нина Ангеловска своите пари си ги спаси.
Во завршниот дел од соопштението, партијата ја истакнува актуелната состојба во банкарскиот сектор и уверува дека надлежните институции сега работат во интерес на граѓаните.

Сега државата и надлежните институции се на страна на граѓаните, преземаат соодветни мерки и се грижат за нивниот интерес, а не како во време на СДС кога пропаѓаа банки, а оние кои треба да го штитат јавниот интерес и парите на граѓаните, како министрите за финансии пет дена пред банката да оди во стечај да ги вадат своите пари.