Починал 65-годишен маж од струмичкото село Штука по тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Штука и Турново, каде што учествувале мопед и патничко возило.
Шеесет и петгодишен маж од струмичкото село Штука починал по сообраќајна несреќа што вчера се случила на локалниот пат меѓу селата Штука и Турново.
Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена во СВР Струмица во 10:40 часот, а во неа учествувале мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од М.Д.(65) од село Штука, и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(29), исто така од село Штука.
Во несреќата М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Струмица, каде што во 13:00 часот починал.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















