Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион, соопшти владејачката партија и додаде:
„Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови.
Прво се изградија и се пуштија во употреба експресните патишта Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка, кои се многу значајни сообраќајни патни артерии за овие населени места.
Со многу засилено темпо се изведуваат градежните работи на веќе започнатите автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола и на терен е видлив многу голем напредок.
Се решија наследени проблеми на автопатот Кичево-Охрид, како што се и свлечиштата на косините со таканаречените галерии, и интензивно се работи за што поскоро негово целосно завшување.
Се потпиша договор за финансирање, избрани се консултантот и изведувачот и следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце со кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Црна Гора и Албанија.
И во ваквиот градежен бум невиден во поновата историја на Македонија не се заборавени ниту истокот, ниту југоисточниот дел од државата. Започнаа подготовките и за експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш, проекти кои долги години се најавуваа а ниедна власт до сега не ги изгради“.
Градежништвото, како нискоградбата така и високо градбата, претставува двигател на економијата и главен драјвер на економскиот развој. Изградбата на модерни и современи патиштата значи побрз развој на економијата, туризмот, побрз и побезбеден проток на патници и стоки, нотира ВМРО-ДПМНЕ.
Додека некои само се сликаа со маици со бројки од Коридорите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со забрзано темпо гради патишта, автопатишта, експресни во сите делови од државата и ја модернизира патната инфраструктура, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













