Забрането капење во Пефкохори поради истекување на канализација

92

Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на локацијата “Акротири“, во населбата Пефкохори поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод.

View Post

Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и дирекцијата за јавно здравје и Центарот за унапредување на животната средина на регионалната единица Халкидики, се известени со цел спроведување на земање примероци и лабораториски анализи. Со одлука на заменик-гувернерот на Халкидики, забраната за капење е воведена во зона од 200 метри од двете страни на местото на истекувањето и ќе остане во сила сè до завршување на испитувањата на квалитетот на водата и проценката на резултатите.

Општина Касандра наведе дека се преземени сите неопходни мерки и оти ситуацијата континуирано се следи во соработка со надлежните служби.