ВИДЕО: Драматична снимка од Барселона: Минувачи се обидуваа да оживеат српски државјанин кој беше застрелан

164

Српски државјанин е убиен во пукотница во квартот Сантс во Барселона. Напаѓачот, облечен во црно, испукал неколку куршуми во грбот на маж кој се наоѓал во дворот на една зграда, според порталот ElCaso.cat.

Пукањето се случило во недела навечер околу 21 часот во населбата Зона Франка, во внатрешниот двор на станбен блок на улицата Минерија. Иако соседите се обиделе да го реанимираат човекот, по што следеле полицајци и болничари, тој починал на улицата.

Драматични моменти беа забележани и во видеа што се појавија на социјалните мрежи:

По пукањето, полицијата блокираше пошироко подрачје од населбата, но осомничениот сè уште не е пронајден.

Втора пукотница во истата населба за помалку од еден месец

Ова е втора фатална пукотница на улицата Минерија за помалку од еден месец.

Поради зголемениот број инциденти со огнено оружје, жителите на Зона Франка изразуваат загриженост за безбедноста во областа во последните недели. Минатата недела тие одржаа протести барајќи итни мерки од градските власти за подобрување на безбедноста, објавија шпанските медиуми.

Пукањето се случило на истото место каде што, пред само неколку недели, беше застрелан друг маж.