Ретро NBA – Роденденската претстава на Ален Ајверсон (ВИДЕО)

119

Некој NBA натпревари остануваат врежани во сеќавањата на сите кошаркарски обожаватели.


Ноќта помеѓу 6-ти и 7-ми Јуни во 2001 година, Ален Ајверсон го прослави својот 26-ти роденден. Неговата Филаделфија гостуваше во Лос Анџелес пред првиот натпревар од големото финале против големиот фаворит, “лејкерси”. Иако за многумина претставуваше вистинско инзенадување, “аутсајдерот” успеа во продолжението да го сруши актуелниот шампион со конечни 107-101. Ајверсон заврши со 48 поени и го искреира еден од најголемите потези на сите времиња откако успеа да поентира преку Тајрон Лу а потоа да го “прескокне”.

Легендарниот “stepover” e подеднакво неизбришлив како и овој дуел кој ги вбројуваме во оние ретки натпревари кои се нарекуваат “инстант класика”. Уживајте….

NBA FAN
Димитар Младеновски