ШОКАНТНО: НА 20-тина километри од Скопје НАТО фрлил 10 тона ураниум, а Обединетите нации криеле иако знаеле

3564

Обединетите нации криеле од јавноста извештај кој открива дека во 1999 година НАТО за време на бомбардирањето на Косово фрлил околу 10 тона осиромашен ураниум, објави косовскиот портал Газета Експрес.

Извештајот го составил водачот на мисијата на Обединетите нации Бакари Канте, а во него се наведуваат шокантни податоци дека бомбардирањето било во време на сеидба, што уште повеќе ја зголемило штетата бидејќи осиромашениот ураниум влијаел и врз земјата и врз воздухот и водата. Идните генерации се изложени на зголемен број на заболувања од рак, леукемија, абортуси и деформации на бебињата.

Но, делови од извештајот сепак излегоа во јавноста благодарејќи му на независниот американски новинар Роберт Џејмс Парсонс.

-НАТО всушност си тестирал оружје на цивилното население. Тоа е незапаметено воено злосторство- вели Парсонс.

Тој тврди дека службениците и војниците што биле на Косово по бомбардирањето добиле предупредување да не јадат ништо надвор од своите воени бази, во кои им се служела храна од увоз.