Курир од болнички извори дознава дека вчера во Дебар било каснато лице од змија отровница.
Лицето било касната на прстот на левата рака, веднаш реагирале здравствени лица во болницата, а потоа истиот бил пренесен на клиниката за Токсикологија во Скопје.
Став побаравме и од директорот на клиниката за Токсикологија, Андон Чибишев, кој ја потврди оваа информација.
Во текот на минатата ноќ на клиниката за Токсикологија е донесен пациент од Дебар кој што е каснат од змија отровница. Според она што го виделе колегите во Дебар, пациентот е каснат за прст на левата рака, пациентот итно бил пренесен во медицинскиот центар во Дебар каде што ја добил потребната лекарска помош, а оттаму со возило на итната медицинска помош бил донесен на клиниката за Токсикологија каде што е примен, хоспитализиран и е под интезивен медицински надзор. Пациентот тука ќе биде неколку дена додека не се смири ситуацијата, изјави Чибишев.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















