Васко Ковачевски, екс директор на ЕСМ и поет на Заев, како и други тројца осомничени за тежок криминал во РЕК Битолa се недостапни за власта, дознава Курир. Меѓу нив е и екс директорот Стефанов. Според изворите, Ковачевски уште од септември ја напуштил Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија само дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.
Според првичните информации уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови. Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.
Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола. Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.
Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















