7 спортисти и нивните луксузни приватни авиони

1120

Одлучивме да Ви ги претставиме спортските ѕвезди кои отишле еден чекор понатаму од брзите автомобили и се вивнале во небо со цел побрзо да пристигнат на посакуваната дестинација. Спортистите и приватните авиони се олицетворение на луксузот, па Ви ги покажуваме најубавите.

7. Хеликоптерот на Коби Брајант

Пред да се пензионира, Коби патуваше со приватниот хеликоптер од Округот Оринџ каде живее со своето семејство. Тој летал секој пат кога имал тренинг или натпревар, со цел да  ја одбегне гужвата во сообраќајот. Сепак, сега кога е пензиониран, можеби ќе го продаде на некоја нова надеж од својот тим.

6. Bombardier Learjet 70 – Дејвид Бекам

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид патува со стил, во Bombardier Learjet 70 авионот. Овој авион е многу популарен, бидејќи може да полета од помала писта и има неверојатни перформанси.

5. Gulfstream G200 – Кристијано Роналдо

Тој е спортистот кој има заработено најмногу пари, но има и беспрекорен вкус кога станува збор за уживање во убавата страна на животот. Тој го купил авионот минатата година по цена од 21 милиони долари. Во авионот има место за десет патници, одвоен тоалет за гости, Интернет, телефон, мала кујна и врвен систем за забава.

4. Gulfstream G550 – Тајгер Вудс

Голферскиот мајстор го поседува совршениот приватен авион Gulfstream G550, кој има интернационален распон и идеален е за секакви далечни патувања.

3.Gulfstream G550 – Том Брејди

Брејди не е обична одбрана. Тој постави стандард и не сака да се оддалечи од својата кариера, ниту да покаже слабост. Токму како Тајгер Вудс, тој го поседува Gulfstream G550 со кој патува од дома до било која дестинација во светот.

2. Gulfstream G450 – Мајкл Џордан

Кошаркарската легенда, Мајкл Џордан се најде на листата поради својата славна репутација. Покрај врвните патики кои сите ги обожуваат, Мајкл поседува и врвен авион, кој е обоен со сина и бела боја со логото на неговиот бренд.

1. Gulfstream G550 – Флојд Мејведер

Едноставно не можеме да поверуваме дека на некој му се потребни два авиони кои чинат вистинско богатство и нудат комфорт повеќе од нечиј стан. Сепак, тоа е Мејведер, кој обожува да троши пари и сосема да ужива во животот.