20.000 граѓани се собраа пред џамијата во Крајстчрч, премиерката се појави со црна марама и заедно со народот им оддаде почит на жртвите

0
63

Муслиманскиот повик на молитва се слушна во Крајстчрч, Нов Зеланд каде се собрале илјадници луѓе за да им оддадат чест на 50 загинати лица кои беа усмртени од вооружен напаѓач во две џамии пред околу една недела.

20.000 луѓе во тишина им оддадоа почит на загинатите

Премиерката Џасинда Ардерн заедно со 20.000 собрани луѓе во тишина им оддадоа почит на жртвите во паркот Хагли, пред џамијата Ал Нур, каде беа убиени поголемиот дел од жртвите за време на молитва минатиот петок.

Ардерн, која брзо го осуди нападот како тероризам, во четвртокот најави забрана за полуавтоматско оружје и пушки.

Таа дојде во паркот Хагли во придружба на министрите и претставниците на безбедносните служби со црна марама на глава. Полицајките во паркот исто така имале црни марами и црвена ружа на униформата.

“Нов Зеланд тагува со вас. Сите сме едно”, порача во краткиот говор пред две минутното молчење за жртвите.

“Срцата ни се скршени, но ние не сме”

Поголемиот дел од жртвите од масовното пукање во Нов Зеланд биле мигранти или бегалци од земјите како Пакистан, Индија, Малезија, Индонезија, Турција, Сомалија, Авганистан и Бангладеш.

“Срцата ни се скршени, но ние не сме. Живи сме, заедно сме и одлучни дека нема да дозволиме никој да нè подели”, рекол имамот Гамал Фуд.

“На семејствата на жртвите сакам да им кажам дека вашите сакани не умреа залудно. Нивната крв полеа семе со надеж”, порача Фуд во молитвата која ја пренесуваше националната телевизија.

Илјадници луѓе им оддадоа почит на жртвите ширум земјата, а некои дури формирале и човечки ланци пред џамиите. Другите тивко се молеле во училиштата, кафулињата па дури и компаниите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here