Ѝ пресуди Брегзит: Тереза Меј низ солзи објави кога си заминува од функцијата!

178

Британската премиерка ќе ја напушти функцијата на 7-ми јуни. Таа штотуку го соопшти тоа во обраќањето пред познатиот број 10 во Даутинг стрит, во Лондон.

Таа изрази длабоко жалење поради тоа што не успеа да ја извади земјата од ЕУ. Меј изјави дека таа работа му останува на нејзиниот наследник, кој ќе мора да пронајде консензус во парламентот.

„Тоа е возможно само ако сите страни сакаат компромис“, рекла Меј. Таа додала и дека е горда на напредокот кој е остварен во изминатите три години.

Британската премиерка низ солзи на крајот од говорот истакна дека е горда на сè што нејзината земја постигнла.

„Нашата политика можеби е под притисок, но има толку многу добри работи во оваа земја, толку многу нешта на кои сме горди“, вели Меј.

Оваа одлука веќе долго е очекувана, и ќе покрене „трка“ за нов лидер, кој веројатно ќе инсистира на поодлучен договор за Брегзит.

После речиси три години низ премиерскиот мандат, Меј имала состанок со моќната Конзервативна група „Komitet 1922“, која, како што наведува Ројтерс, има моќ да постави или да отстрани премиер.

Меј ќе остане на функција за време на внатрепартиските избори на Конзервативната партија, кои траат околу шест недели.

Изборната трка на конзервативците веројатно ќе почне на 10-ти јуни, после посетата на Велика Британија од претседателот на САД, Доналд Трамп.

loading...