Зои Блаж микрофонот го замени со несерери полни со шминки! Имено, младата пејачка веќе извесен период работи како мејк ап артист и се грижи за изгледот на неколку нејзини колешки, а идејата за да почне да се занимава со разубавување на припадничките на понежниот пол ја добила сосема случајно.
“Покрај музиката, шминкањето исто така ми е голема љубов. Најпрвин почнав да ги шминкам најблиските другарки, мајка ми и нормално самата себе. Сите ме прашуваа зошто не почнам да се занимавам дополнително со тоа кога веќе имам талент, и поради нивните сугестии решив моето хоби да го претворам во втора професија и слободното време кое го имам да го искористам за нешто продуктивно”, откри Зои.
Пејачката веќе соработува со Елена Петреска, водителката Анастасија Деа Богдановска и Наде Талевска, а се што досега има сработено може да се види на нејзината официјална фејсбук-страница – “Star make up”.
“Во инбокс добив многу пораки од типот, зошто сум почнала да шминкам и ме прашуваат дали сум се откажала од музичката кариера. Еве, јавно да им кажам на сите дека шминката е моја секундарна професија, на прво место ми е и секогаш ќе ми биде музиката”, објасни Блаж која неодамна го прослави 23. роденден.
“23 години не се ниту малку, ниту многу, туку таман за да знаеш и сфатиш што сакаш во животот, а тоа е најважно. Кога си помлад истражуваш, осознаваш, таква бев и јас кога имав 18 години, а сега се чувствувам многу позрело и бројам до десет пред да изустам или направам нешто”, вели Зои која во повеќе наврати досега има истакнато дека токму Матеј е човекот на нејзиниот живот.
“Со Tадеј од прва се “сконтавме” што би се рекло, се разбираме, се сакаме, живееме заедно и навистина ова е најубав период од мојот живот. Се чувствувам исполнето, а тоа е најважно”, заклучи Блаж.