Жолтите елеци на улиците во Лондон: Го блокираа сообраќајот и порачаа – сакаме Брегзит веднаш!

873

Протестите на Жолтите елеци се преселија и во Велика Британија, но таму демонстрантите имаат сосема други барања во однос на тие од соседна Франција.

Демонстрантите кои што го поддржуваат Брегзит, односно излегувањето на Велика Британија од Европската унија денес го блокираа Вестминстерскиот мост во Лондон и предизвикаа колапс во сообраќајот во овој дел од градот.

Облечени во популарните жолти елеци од Париз, демонстрантите истакнаа пароли и извикуваа „Брегзит сега“ и „Британијо, владеј“, а некои од нив и вееја британски знамиња. Засега не е познато кој ги има организирано протестите, а од лондонската полиција потврдија дека засега немало апсења.

Групата на демонстранти потоа започнала да се собира и на Даунинг стрит каде што се наоѓа седиштето на британската премиерка Тереза Меј, по што тие преку мегафон побараа средба со премиерката.

Инаку, жолтите елеци станаа симбол на протестите на француските граѓани кои што направија вистински хаос ширум франција протестирајќи против зголемувањето на цените на горивото и сиромаштијата. Истата симболика на протести веќе се прошири и во Белгија и Холандија.