„Жените постари од 50 години се вишок на овој свет“: Руската докторка го шокираше светот со својата изјава

151

Контроверзната Русинка Елена Малишева, физијатар и автор на популарната руска емисија „Да се живее здраво“ е позната по остриот јазик, јасниот став и можеби по малку непромислените изјави со кои често ја навредува публиката.

Последен пат тоа го направила пред неколку дена, изјавувајќи пред милионски аудиториум дека жените постари од 50 години се вишок на овој свет.

Откако разбесни многумина, Елена одлучила да го појасни својот став.

„Жените сами си го скратуваат својот животен век. Жените треба да раѓаат, а не само да јадат. За жал, понежниот пол обожува сам да си копа гроб со вилушка и лажица“, рекла Елена која е познат заговорник за вежбање, правилна исхрана и оптимална телесна тежина.

Водителката јавно ги искритикувала жените на возраст од 55 до 57 години бидејќи според статистичките податоци, тие најмногу ги пополнуваат бројките во групата на најдебели.

„На крајот сфатив дека дебелината ги носи непотребните луѓе од овој свет“, вели Елена алудирајќи на тоа дека ако на човекот не му е мил животот и со задоволство се труе со прекумерна храна, тогаш според неа, не ни заслужува да живее долго.

Светската здравствена организација предупредува дека голем број жени по 45-та година запаѓаат во проблеми со телесната тежина. Елена охрабрува навреме да се позанимавате со тој проблем и да останете активен и „здрав“ член на општеството.

Самата Елена има 59 години и многу внимава на своето здравје и линијата.

Што мислите вие за нејзиниот став?