Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја избра Жаклина Пешевска за претседател на Унијата на жени, информираат од партијата.
Пешевска, се вели во соопштението, е актуелен пратеник во Собранието и доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, а пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.
На вчерашната седница на ИК, исто така, донел одлука и за распишување на јавен повик за кандидирање на претседатели на ОК во Старо Нагоричане, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Гевгелија, Неготино, Новаци, Ресен, Струга, Кичево, Центар Жупа, Дебар, Гостивар, Теарце. Брвеница, Боговиње и Битола.
Со цел јакнење на партиските капацитети, од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека процесот на внатрешно реструктурирање и реформи ќе продолжи и во наредниот период.















![[ВИДЕО] Ова е човекот чиј изум би можел да спаси 2 милијарди луѓе ширум светот – од бегалски корени до глобално влијание](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/03/M9N0O-screenshot-1-218x150.png)







![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)

![[ВИДЕО] „Потпишав договор на 250.000 евра месечно, татко ми не ми зборуваше една недела“: Бака Прасе откри колку заработува](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/02/OxJnT-chatgpt-image-feb-24-2026-11-22-39-am-218x150.png)









