Генадиј П. Малахов, руски експерт по народна медицина кој во повеќе од 60 книги претставил како да се лекуваат 200 најраспространети болести, смета дека коските и зглобовите болат бидејќи со текот на времето во нив се таложат соли кои треба да се исфрлат.
Тој навел рецепт за чистење на солите од организмот кој е многу едноставен. Меѓутоа, овој третман на лекување би требало да се спроведе по чистење на дебелото црево (со вода и сол или со вообичаен клистир). Но, ќе има ефект и без тоа.
Навечер, во 3 децилитри зовриена вода ставете 5 грама ловоров лист, кој е најдобро да го иситните. Варете 5 минути, тргнете го од шпорет и оставете го да отстои (може и во термос) цела ноќ. Утредента, процедете го и пијте го по малку, во мали голтки во текот на целиот ден. Никако немојте да го пиете целиот раствор одеднаш бидејќи може да предизвика компликации и крвавење.
Три ноќи по ред правете раствор од ловор и пијте 3 дена. По пауза од 7 дена може да се повтори по потреба, а за хронични болести на зглобовите и коските, растворот се пие 5 дена по ред.
Во текот на спроведувањето на третманот со ловоров лист, немојте да се исплашите доколку забележите дека урината има црвенкаста боја или често имате потреба за мокрење. Тоа е вообичаено бидејќи солите од организмот почнуваат интензивно да се раствораат и со тоа го надразнуваат мочниот меур.
По 2 недели, Малахов тврди дека ќе престанат да ве болат зглобовите и коските и ќе забележите дека целиот коскен систем станува многу помобилен. Тоа значи дека лекувањето успеало, а ако и понатаму чувствувате болки – повторете ја терапијата.