Неверојатната количина мраз со која што е опружена бескрајната шума, привлекува голем број туристи кои што сакаат да го видат ова чудо, кое што се смета за осмо светко чудо.
Од жешките чекори танго до глечери – сите вие очекувате да го доживеете тоа од патувањето. Поради тоа не е ни чудно што многумина културата и геологијата на Патагонија ја нарекуваат драматична и ја препорачуваат да ја видите во живо.
Од жешкиот Буенос Аирес до чилеанскиот Лејк Дистрикт, планините покриени со снег, зелените површини кои што паѓаат над црните камења кои што настанале како резултат на ерупција на лава, чистите езера, вулкани, шуми и глечери, се само некои од интересните работи кои што ве очекуваат таму.
Една од најубавите сцени во Патагонија е восхитувачкиот глечер Перито Морено.
Неверојатната количина мраз со која што е опкружена бескрајната шума, привлекува голем број туристи кои што сакаат да го видат чудото кое што се смета за осмо светско чудо.
Перито Морено е еден од најголемите извори на вода за пиење. Големите блокови од сино-бел мраз на секои две до четири години се топат во езерото Аргентино, предизвикувајќи „врева“ и неверојатни бранови на површината на езерото, што глетката ја прави неверојатна.
Перито Морено е единствениот глечер кој што расте, а не се намалува како останатите, но научниците сè уште не ја знаат причината за тоа.