Земјотрес со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала и епицентар во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје е регистриран денеска во 00:21 часот, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 19 јули 2021 година, во раните утрински часови, 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 километри југозападно од Скопје, се вели во соопштението од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.5 и е почувствуван од населението особено во југозападните делови со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















