37-годишен затвореник од затворот во Идризово успеал да им побегне на своите чувари кои го враќале од болница каде што бил на редовна здравствена проверка.
Имено, станува збор за затвореникот Фидан Исеини кој издржувал затворска казна од 7 години и 7 месеци за повеќе кривични дела.
Денес тој додека бил транспортиран во затворот во Идризово, откако бил во Клиничкиот центар на лекарски прегледи, успеал да им побегне на двајцата чувари. Имено, тој го искористил невниманието на чуварите кои застанале да купат сендвичи.
„Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово“ застанале по пат да си купат сендвичи“, директорот Боби Мојсовски за „Фокус“.
Исеини меѓу другото бил зад решетки поради насилство, криумчарење на мигранти и предизвикување на општа опасност, а како затвореник-повратник тој имал одлежано 1 година и 6 месеци од казната.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












