Сите знаеме колку е непријатно кога ќе настинеме, но многу луѓе само си ја влошуваат состојбата со одредени грешки.
Еве кои се најчестите грешки кои влијаат врз влошување на болеста:
Првата грешка е ако си велите себеси дека не сте болни и продолжувате нормално со своите дневни активности. Со тоа болеста дополнително ќе се развие, а постои можност да ги пренесете бактериите на сè околу себе.

Ако мислите дека не смеете да вежбате додека сте болни, грешите – имено вежбањето го зајакнува имунолошкиот систем, но секако е важно да го намалите интензитетот. Но, доколку имате висока температура, би требало да заборавите на вежбањето додека не оздравите.
Многу луѓе не спијат доволно кога се настинати, а тоа е голема грешка. Квалитетниот сон е многу важен, особено кога сме болни бидејќи на телото му е потребен одмор за да закрепне.
Некои мислат дека е добро да се пие алкохол за време на настинката, но тоа не е вистина. Имено, алкохолот го слабее имунитетот и може да доведе до дехидрација.

Исто така, и стресот негативно влијае врз организмот и имунитетот кога сме настинати. На имунолошкиот систем му е потребна поголема сила, а тогаш му е потребно и повеќе време да се избори со болеста.
Уште една грешка е што многумина пребрзо се одрекуваат од лековите, мислејќи дека оздравеле, а потоа болеста им се враќа. Потребно е одредено време за телото во целост да закрепне и да почне нормално да функционира.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















